logo
logo
logo

Донарума се најде на списокот на желби на Јунајтед

Vecer | 01.08.2025

Донарума се најде на списокот на желби на Јунајтед

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, објавија денес британските медиуми.

Донарума е во последната година од договорот со актуелниот европски шампион, кој е блиску до потпишување на договорот со голманот на Лил, Лука Шевалие.

Италијанскиот репрезентативец не брза со одлуката за својата иднина и сака да се натпреварува со Шевалие за место на голманската позиција, објави Скај.

Исто така, постои можност Донарума да го продолжи договорот со парискиот клуб.

Интересот на Манчестер Јунајтед за него покренува сомнежи дали Андре Онана ќе остане на Олд Трафорд. Камерунскиот голман е со тимот на предсезонска турнеја во САД, но не игра бидејќи го повреди тетивата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk