logo
logo
logo

Дон Карло уште не заминат во Бразил размислува за враќање во Реал Мадрид!

Vecer | 16.05.2025

Дон Карло уште не заминат во Бразил размислува за враќање во Реал Мадрид!

Сега и дефинитивно е јасно дека Карло Анчелоти по завршување на сезоната во Ла Лига, ќе замине во Бразил каде што ќе ја преземе селекцијата на таа земја. Негова задача веројатно ќе биде да се дојде до титулата или до што подобар пласман со Бразил на СП 2026.

Сепак иако уште не заминат, тој размислувал за враќање во Реал Мадрид. Оваа вест беше пренесена од релевантни медиуми кои потенцираат дека Флорентино Перез и Карло Анчелоти имале интерен договор дека Италијанецот по завршување со селекцијата на Бразил, кога и да биде тоа, него во Реал Мадрид го чекала примамлива функција, но не и таа тренерската.

Да потсетиме дека Анчелоти во Реал беше во два мандати тренер и му донесе на овој клуб голем број трофеи.

Кога сме кај “кралевите“ јасно е дека наследникот на Анчелоти ќе биде Чаби Алонсо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk