logo
logo
logo

Дон Карло пред утрешниот реванш со Арсенал: Не заборавајте дека “Бернабеу“ има посебна магија!

Vecer | 15.04.2025

Дон Карло пред утрешниот реванш со Арсенал: Не заборавајте дека “Бернабеу“ има посебна магија!

Утре од 21 часот на „Сантијаго Бербаеу“ во Мадрид, “кралевите“ ќе го дочекаат Арсенал во реванш меч од 1/4 финалето во ЛШ. Познато е дека Реал на оваа средба влегува со негатива од три гола, во Лондон беше 3:0 за Арсенал.

Во пресрет на утрешниот меч, денеска на пресот свој коментар имаше страегот на “кралевите“ Карло Анчелоти кој напомена дека верува дека може да се мине оваа пречка и покрај тоа што Арсенал има голема, огромна предност.

Поддршката од фановите во минатото ни помогна да направиме пресврти на неколку меча кога сите мислеа дека тоа е невозможно. Убеден сум дека и утре таа поддршка ќе биде тука. Имаме ресурси, квалитет, искуство, не заборавајте дека и “Бернавеу“ си има своја посебна магија. Сите знаат дека на овој стадион атмосферата е посебна. Искрено не подготвуваме ништо посебно, ќе се обидеме да одиграме интензивен натпревар. Мислам дека наш брз гол нема да биде пресуден. Се разбира, тоа ќе биде важно, но најважно е да ја имаме контролата врз играта. Кога го имаш тоа тогаш во секој момент можеш да постигнеш гол или голови“ рече покрај другото стратегот на “кралевите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk