logo
logo
logo

Дон Флорентино на лето подготвува “ЗЕМЈОТРЕС“!

Vecer | 28.12.2025

Дон Флорентино на лето подготвува “ЗЕМЈОТРЕС“!

Фото: ФК Реал Мадрид

Секое лето во Реал Мадрид е супер интересно. Така и му личи на најголемиот клуб во светот. Кога станува збор за трансферите, секое лето мора ама баш мора на “Сантијаго Бернабеу“ да дојде по едно големо име.

Па така според медиумите во Шпанија, Флорентино Перез за јуни подготвува “ЗЕМЈОТРЕС“.

Одличниот португалски играч од средниот ред Витиња е голема желба на Реал Мадрид. Играч со неговите карактеристики е неопходен за кралскиот клуб и многумина го гледаат како наследник на Лука Модриќ.
Реал во моментов не е подготвен да ги плати 100-те милиони евра што францускиот шампион ПСЖ ги бара за услугите на овој фудбалер, но претседателот на тимот од Мадрид, Флорентино Перез, наводно сака да го потресе фудбалскиот свет.
Клучот за сè, тврди Кадена СЕР, е Винисиус Жуниор. Доколку преговорите со бразилскиот напаѓач во врска со продолжувањето на соработката не вродат со плод, тој ќе биде на трансфер листата и “Кралевите“ ќе го продадат. Парите од продажбата на Вини ќе бидат искористени за доведување на Витиња. 100 милиони евра во тој случај е готова бројка.
Реал Мадрид бара „плејмејкер“. Тоа не е утопија, Витиња е планот на клубот и со неговото доведување би прославиле уште една голема победа над ПСЖ, објавува Кадена СЕР. Ситуацијата со Винисиус Жуниор е сериозен проблем за Реал. Преговорите меѓу двете страни се заглавени бидејќи „Кралевите“ не сакаат да му ја исплатат платата што ја бара. Бразилецот моментално заработува 20 милиони евра, бара најмалку 30 за да ја продолжи соработката, но клубот не сака да му ја даде таа сума и понудата е на маса, но со истата бројка како и претходно.
Витиња е најголемата желба на клубот од Бернабеу. Тој е најблиску по карактеристики до Лука Модриќ и некој како него е потребен во средниот ред.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk