logo
logo
logo

Денеска на Мундијалот: Цел Балкан навива за БиХ, Џеко и другарите ќе играат пред 30.000 свои фанови во Торонто!

Vecer | 12.06.2026

Денеска на Мундијалот: Цел Балкан навива за БиХ, Џеко и другарите ќе играат пред 30.000 свои фанови во Торонто!

ФОТО:facebook.com/nfsbih/

Вчерва и во раните утрински часови на програмата се два меча од шампионатот кој вчера стартуваше.

Од 21 часот во Торонто, се среќаваат домашната селекција на Канада и БиХ, селекција за која навива цел Балкан. Сите ние посакуваме Џеко и компанија да покажат што знаат, секако и да дојдат до добар резултат на својот прв меч на Мундијалот во оваа група Б.

Според најавите од Торонто, иако Босанците се гости, Џеко и другарите ќе играат пред 30.000 евои фанови кои се очеква да навиваат за “Змавите“ од трибините на “Торонто стадионот“. Сепак нема да биде лесно, Канада има добар тим, игра дома, но БиХ сеуште се во еуфорија и сите ние ќе навивам за победа и три бода за оваа селекција.

Со оглед на тоа што повеќето натпревари на ова Светско првенство се играат во САД, нивниот тим е под голем надзор, а очекувањата се веќе високи, како што им доликува на Американците. Сепак, во последните месеци имаше многу прашалници околу составот предводен од селекторот Маурицио Покетино, бидејќи настапите на неговиот тим не беа многу убедливи. Всушност, имаше многу грешки и тешки порази, како што беше поразот од 5-2 против Белгија во март или поразот од 4-0 против Швајцарија пред една година.
Интересно е што една од победите за САД беше против Парагвај, во пријателски натпревар одигран само две недели пред ждрепката во Вашингтон, која ги стави заедно во првото коло од Групата Д. Оваа јужноамериканска репрезентација се враќа на Светското првенство по цели 16 години чекање и нивниот најдобар настап на Светското првенство, кога беа запрени само во четвртфиналето во Јужна Африка.

САД и Парагвај играат од 03.00 часот на „СоФи стадионот“ во Инглвуд.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ГРУПА Б

ТОРОНТО – 21.00 Ч

Канада – БиХ

ГРУПА Д

ИНГЛВУД – 03.00 Ч

САД – Парагвај


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk