На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и неговата Португалија која игра против ДР Конго.
Со овој меч стартува “Последниот танц“ на легендариот Кристијано.
На програмата од 22 часот е мега – дербито меѓу Англија и Хрватска.
Дојде и тој ден. “Коцкестите“ конечно го започнуваат своето патување на Светското првенство. Првиот противник е Англија, за која веќе знаеме сè, но ова е нова Англија бидејќи Томас Тухел е на клупата. Германскиот стратег ја изненади јавноста со тоа што изостави неколку големи ѕвезди.
Ова е прво Светско првенство за Тухел, а трето за Златко Далиќ. Тој се врати со медал околу вратот од претходните две, па затоа добро ја познава атмосферата, ритамот и сите тајни на Светското првенство. Единственото прашање што останува пред натпреварот со Англија е кој ќе игра плејмејкер. Според информациите од САД, Петар Муса ќе ја добие таа можност, но конкуренцијата се Крамариќ и Будимир.
Што се однесува до Англичаните, тие пристигнаа во САД пред две недели за што побрзо да се навикнат на климата. Во тој период одиграа два пријателски натпревари и не ги импресионираа премногу навивачите, а во март беа поразени од Јапонија, па Англичаните се повеќе загрижени отколку еуфорични.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
ГРУПА К
ХЈУСТОН – 19.00 Ч
Португалија – ДР Конго
ГРУПА Л
ДАЛАС – 22.00 Ч
Англија – Хрватска
ГРУПА Л
ТОРОНТО – 01.00 Ч
Гана – Панама
ГРУПА К
МЕКСИКО СИТИ – 04.00 Ч
Узбекистан – Колумбија