logo
logo
logo

Дејан Станковиќ утре ја презема Црвена Звезда

Vecer | 21.12.2025

Дејан Станковиќ утре ја презема Црвена Звезда

Sampdoria | Stankovic - Ritratti Dejan Stankovic (allenatore Sampdoria)

47-годишниот Дејан Станковиќ, кој ја напушти функцијата главен тренер на руски Спартак од Москва, утре треба и официјално да биде претставен како нов тренер на белградска Црвена Звезда. 

Според „Моцарт Спорт“, Станковиќ ќе пристигне во српскиот клуб во понеделник и ќе потпише договор на две и пол години.

Актуелниот тренер на клубот Владан Милојевиќ не се појави на прес-конференцијата ниту во петокот пред натпреварот против Младост лучани, ниту во саботата по натпреварот, што предизвика сомнежи дека тој повеќе не е тренер на „црвено-белите“. Тимот моментално е втор во српското првенство.

Во декември 2019 година, Станковиќ го замени Милојевиќ по завршувањето на првата половина од сезоната. Тој го водеше клубот од декември 2019 до август 2022 година. Со Црвена Звезда, Станковиќ освои три првенства на Србија и два Купа на Србија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk