Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте на прес-конференцијата по мечот зборуваше за ремито на стартот на СП против Зеленортските острови (0:0).
„Требаше да го добиеме денешниот натпревар, со оглед на сè што се случи, сите добри шанси што ги создадовме, но ни недостасуваше свежина и прецизност. Сега треба да почнеме да размислуваме за натпреварот против Саудиска Арабија. Треба да продолжиме да растеме, да ги подобруваме сите аспекти од нашата игра и да го пронајдеме нашиот ритам. Знаевме дека ќе играат со низок блок и ќе имаат моќни играчи на теренот. Додадете го на тоа фактот дека ни недостасуваше свежина, и еве што добиваме. Ова е фудбал – тука нема слаби противници“, рече селекторот на шпанската репрезентација.