logo
logo
logo

Де Брујне: Жално е што морам да си заминам

Vecer | 04.05.2025

Де Брујне: Жално е што морам да си заминам

Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне го изрази своето изненадување што Сити не му понуди продолжување на договорот, велејќи дека сè уште има што да даде. По завршувањето на сезоната, тој ќе го напушти „Итихад“ како слободен агент.

Вчера, Де Брујне му донесе победа на Манчестер Сити од 1-0 на домашен терен против Вулверхемптон во Премиер лигата.

„Многу соиграчи рекоа дека е тажно што морам да си заминам, но така е во животот понекогаш и мислам дека начинот на кој се претставувам и се однесувам како дел од тимот… давам сè од себе и сакам да го добијам натпреварот. Мислам дека покажав дека сè уште можам да играм, инаку немаше да го правам она што го правам во последните четири или пет недели“, изјави Де Брујне за „Скај Спортс“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk