logo
logo
logo

Де Брујне: Хојлунд почнува да ми наликува на Халанд

Vecer | 02.10.2025

Де Брујне: Хојлунд почнува да ми наликува на Халанд

фото: The Devil's DNA (X)

Кевин де Брујн го спореди Расмус Хoјлунд со неговиот довчерашен соиграч во Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. По двата гола на Данецот против Спортинг во вчерашниот меч од Лигата на шампионите, Холјунд е новата ѕвезда на Наполи.

„Се обидов да најдам простор кај првиот гол и чекав вистински момент да му додадам на Расмус – за среќа тој знаеше што треба. Мислам дека Расмус многу се развива и многу наликува на Халанд“, рече Де Брујне по натпреварот.

„Мислам дека се многу слични еден на друг бидејќи двајцата сакаат да напаѓаат од длабочина. Можеби Хојлунд ќе слезе малку повеќе по теренот за да ни ја врати топката, но мислам дека треба малку повеќе да го напаѓа просторот, бидејќи може да постигнува голови и многу да ни помогне“, дополни Белгиецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk