logo
logo
logo

Дали тој е добитникот: Само еден фудбалер на ПСЖ вечерва ќе биде на „Златната топка“

Vecer | 22.09.2025

Дали тој е добитникот: Само еден фудбалер на ПСЖ вечерва ќе биде на „Златната топка“

Ниту еден од играчите и тренерскиот штаб на eевропскиот шампион Пари Сен Жермен нема да се појави на вечерашната гала-церемонијата за доделување на „Златната топка“, која ќе започне во 20 часот.

Играчите на ПСЖ се зафатени, затоа што вчерашното дерби со Олимпик во Мајсеј беше презакажано за вечерва и ќе се одигра практично во истиот термин кога ќе започне и церемонијата за доделување на наградата. Сепак, само еден фудбалер на ПСЖ ќе присуствува на церемонијата, со што повторно се разгореа шпекулациите околу годинешниот освојувач на престижната награда.

Единствен исклучок е Усман Дембеле, кој е повреден и добил дозвола од Енрике да оди на манифестацијата. Неговото присуство е можеби поважно од присуството на кој било друг негов соиграч, бидејќи е главен фаворит за добивање на престижната награда за најдобар фудбалер во светот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk