Ги немаше долги години на светските првенства, дури 28 години, а на овој Мундијал блескаат, сега се во 1/4 финалето каде утре ќе бијат битка со Англија за пласман во полуфиналето. Јасно е дека тука се мисли на Норважните.
Во групната фаза на Светското првенство, Норвешка ги победи Ирак (4:1) и Сенегал (3:2) и загуби од Франција (4:1), при што одморија голем дел од првиот тим. Во осминафиналето го елиминираа Брегот на Слоновата Коска (2:1), а во осминафиналето го победија Бразил (2:1).
„Не мислам дека е изненадување. Она што го гледаме денес е резултат на одлуки донесени пред 15 до 20 години. Нашата филозофија секогаш го става детето пред шампионот. Се фокусираме на тоа фудбалот да биде забавен, за децата да продолжат да го играат што е можно подолго. Целта не е да се создаде најдобар фудбалер на осумгодишна возраст, туку на дваесет и две години“, истакнува Џон Арне Рисе, некогашна голема ѕвезда на Ливерпул и селекцијата на Норвешка.
Тој објаснува како сите репрезентативци пораснале во средина каде што можеле да се забавуваат и да се развиваат без прекумерен притисок. „Многу норвешки деца играат повеќе спортови во текот на детството. Ова им помага да станат покомплетни спортисти, го намалува ризикот од прегорување и ја одржува радоста од играњето фудбал“, додава Рисе за 19-тото место во светот според ФИФА.
Иако поголемиот дел од разговорите се за Ерлинг Халанд (25), стрелецот на седум гола на Светското првенство, Рисе нагласува дека вистинската сила на норвешкиот тим е во колективот.
„Халанд е извонреден играч, но Норвешка не е тим изграден околу еден човек. Секој ја знае својата улога и работи за тимот. Овој менталитет се создава на млада возраст, каде што тимската работа секогаш доаѓа пред индивидуалниот успех“, вели поранешниот дефанзивец.