logo
logo
logo

Дајч бесен на судиите на мечот со Сити: Па какво судење е ова?

Vecer | 27.12.2025

Дајч бесен на судиите на мечот со Сити: Па какво судење е ова?

фото: City Chief (X)

По денешниот пораз од 1:2 на домашен терен против Манчестер Сити, тренерот на домашните, Шон Дајч, го критикуваше судијата Роб Џонс и неговите колеги.

Дајч како и голем број од навивачите на Форест се прашуваат зошто Рубен Диас, и покрај неколкуте лоши стартови и жолтиот картон, не беше исклучен.

„Судиите одиграа голема улога на крајот од натпреварот и тоа е жално бидејќи не сакаме нешто такво. Се чешам по глава и не верувам во тоа. Нема смисла (да се зборува), можеме само да западнеме во проблеми, но има луѓе тука, ТВ камерите се тука, секој може да го види нивниот настап денес“, рече лутиот Шон Дајч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk