logo
logo
logo

Челзи со гостински триумф кај Барнли

Vecer | 22.11.2025

Челзи со гостински триумф кај Барнли

На стартот на денешната Премиер лига програма, тимот на Челзи успеа да слави на гостувањето кај тимот на Барнли од конечни 0:2.

Гостите дојдоа во водство во 37. минута со голот на Нето, за да на нов погодок се чека се до самиот финиш на мечот.

Домашните се обидуваа да воспостават резултатски баланс но наместо тоа, Челзи беше тој кој што со голот на Енцо Фернандез дојде до двојно водство и конечен триумф.

Челзи дојде до 23. бода и втора позиција на табелата, додека Барнли ќе се мачи со опстаноко и седумнаесетто место во моментов.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk