logo
logo
logo

Челзи ќе урива рекорди, за ѕвездата на Астон Вила нуди 150 милиони евра!

Vecer | 04.01.2026

Челзи ќе урива рекорди, за ѕвездата на Астон Вила нуди 150 милиони евра!

ФОТО: Chelsea F.C./FB

Како што пренесуваат медиумите на Островот, а интересно, и во Шпанија, Челзи има намера и тоа како да предизвика “земјотрес“ во зимскиот преоден рок. Станува збор за ѕвездата на Астон Вила и Премиерлигата, Морган Роџерс. За него “сините“ веќе спремиле понуда вредна неверојатни 150 милиони евра. Оваа сума е вистински шок, ако се знае дека Роџерс е млад играч од кого допрва се очекуваат одлични настапи иако и досега тој на голема врата влезе меѓу оние најдобрите во изминаиот дел од сезоната во најсилната лига во светот.

Во случај овој трансфер во најава да се оствари, тогаш тоа ќе биде најголем влезен трансфер во Челзи во неговата историја.

Јасно е дека за ова се прашува и раководството на Астон Вила, но исто така јасно е дека ретко кој може да одолее на 150 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk