logo
logo
logo

Чеферин: Италија има лоши стадиони, можно е да не го организира ЕП 2032!

Vecer | 02.04.2026

Чеферин: Италија има лоши стадиони, можно е да не го организира ЕП 2032!

ФОТО: UEFA.COM

И дефинитивно нема крај на агонијата во фудбалска Италија. Оваа земја деновиве се соочува со вистинска спортска катастрофа, бидејќи фудбалската репрезентација на земјата нема да игра на Светското првенство третпат по ред.
Критики има од сите страни, се бараат оставки, новиот селектор се чини дека е најмалиот проблем, а претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, додаде „масло на огнот“.
Тој беше во Зеница и во живо го гледаше дебаклот на Италијанците против Босна и Херцеговина во финалето на плејофот за одење на Светското првенство, а во таа прилика даде интервју за „Газета дело Спорт“ во кое ги разоткри сите италијански проблеми и се закани дека ќе ја лиши оваа земја од домаќинството на Европското првенство.
За потсетување, ЕУРО 2032 треба да се одржи во Турција и Италија, но додека Турците имаат вишок фантастични стадиони и ќе имаат „слатка мака“ да изберат за овој турнир, Италијанците во моментов имаат само два стадиони кои ги исполнуваат 100% сите стандарди на УЕФА и ФИФА, имено оние во Торино и Удине, кои, од друга страна, се премногу мали за такво натпреварување, особено оној каде што игра Удинезе.
Проблемот се Рим, Милано, Неапол, Фиренца, Болоња, Џенова…
„ЕП 2032 е планирано и ќе се одржи, и се надевам дека инфраструктурата ќе биде подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се игра во Италија“, брутално им рече Чеферин на Италијанците.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk