logo
logo
logo

Чави е следниот селектор на Мароко!?

Vecer | 25.02.2026

Чави е следниот селектор на Мароко!?

Се погласни се шпекулациите дека репрезентацијата на Мароко, ќе добие нов селектор. Досегашниот, Валид Реграги најверојатно го напушта местото, и се чека само официјалната потврда од сојузот.

Како што пишува шпанска Марка тоа уште не е случено затоа што раководните структури на мароканскиот фудбал сеуште немаат договорено негова замена. Сепак, како што се вели во написите, главен кандидат за негов наследник е ни помалку ни повеќе туку Чави Ернандез, легендарниот шпански фудбалер, а сега тренер.

Тој подолг период е без ангажман, поточно околу година и половина, откако по успесите со барса го напушти неговиот поранешен клуб.

Мароканските пак медиуми шпекулираат дека тој би бил идеалното решение за селектор, во пресрет на големиот настап на Мундијалот следното лето во САД, Мексико и Канада.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk