logo
logo
logo

Чаби Алонсо: “Задоволен сум од играчкиот кадар, но мораме да бидеме будни на трансфер – пазарот!“

Vecer | 04.01.2026

Чаби Алонсо: “Задоволен сум од играчкиот кадар, но мораме да бидеме будни на трансфер – пазарот!“

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, зборуваше за зимскиот преоден рок, во кој тимот може да се засили со нови играчи поради многуте повреди што ги мачат „лос бланкосите“.
„Работам со играчкиот кадар што го имаме, со тимот што го имаме, а мојата работа е да го извлечам максимумот од тоа. Сè уште сме во процес, со добри и не толку добри моменти. Секогаш бараме начини да се подобриме, без да споменуваме имиња“, рече Алонсо на прес-конференцијата пред домашниот натпревар против Бетис во Ла Лига денеска од 16.15 часот.
Од друга страна секогаш мора да бидеме будни на трансфер пазарот. Задоволни сме од составот, но мора да бидеме внимателни“, додаде стратегот на “Кралевите“.
Реал Мадрид е на второто место на табелата во Ла Лига, зад лидерот Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk