logo
logo
logo

Чаби Алонсо сака засилувања од Ливерпул, ама Дон Флорентино го “пикирал“ капитенот на Јунајтед!

Vecer | 25.12.2025

Чаби Алонсо сака засилувања од Ливерпул, ама Дон Флорентино го “пикирал“ капитенот на Јунајтед!

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Реал Мадрид под водство на Чаби Алонсо и дефинитивно не е тоа што треба да биде. Јасно е дека клупата и тоа како му се “тресе“, ама тој е уверен дека и натаму ќе биде стратег на најголемиот клуб во светот. Токму затоа за во јануарскиот преоден рок побарал од Флорентино Перез и три засилувања.

Како што се приближува јануарскиот преоден рок, шпанските медиуми објавуваат нови информации за „нападите“ на Реал Мадрид врз играчите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Алонсо успеа да победи во последните три натпревари како тренер на Реал Мадрид и верува дека заслужува да остане тренер на овој тим.
Сега тој се обидува да го убеди претседателот на „Лос Бланкос“, Флорентино Перез, да донесе тројца играчи во 2026 година, од кои двајца треба да дојдат од „Енфилд“. Имено, Чаби Алонсо го сака дуото од Ливерпул, Ибрахим Конате и Флоријан Вирц, како и Анхел Штилер од Штутгарт.
Самиот Алонсо не верува дека сите неговите желби ќе се остварат, но се обидува да го убеди Перез да го стори тоа, меѓутоа, првиот човек на Реал Мадрид сонува за друг играч.
Со оглед на тоа што Алонсо сака нов играч од средниот ред, Флорентино Перез, кој сонува за Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед, исто така ја започна својата потрага. Реал Мадрид има финансиски капацитет да ја плати откупната клаузула на Фернандеш од 60 милиони евра во неговиот договор со Манчестер Јунајтед.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk