Очигледно дека на Чаби Алонсо му здодеа да го чека Ливерпул, па затоа е подготвен да седне на клупата на друг гигант од Премиерлигата.
Имено, откако ја напушти клупата на Реал Мадрид во јануари, Чаби Алонсо постојано се поврзуваше со преземање на Ливерпул.
Тренерот на тимот од Енфилд, Арне Слот, неколку пати беше на работ да биде отпуштен, но секој пат некако успеваше да остане. Очигледно е дека тој ја има и поддршката од раководството на клубот, и дека следната сезона и она што ќе го прави во текот на неа ќе биде клучно за него.
Чаби Алонсо не сака да биде без работа толку долго, а уморен е од чекање на челниците на Ливерпул и е подготвен да ја прифати понудата што е на неговата маса. Според медиумите од Англија, Чаби Алонсо е фаворит број еден да биде нов тренер на тимот на Челзи од летото.
Доколку не се постигне договор, Челзи има две резервни опции, имено Марко Силва и Андони Ираола.
Челзи неодамна го отпушти Лиам Росениор, кој го водеше тимот од Лондон на ужасен начин. Ираола потврди дека го напушта тимот на Борнмут на крајот од сезоната и јасно е дека ќе бара нов предизвик во кариерата.
Силва сè уште не потпишал продолжување на соработката со Фулам, па затоа е исто така реална опција, но „цел“ број еден е Чаби Алонсо. Сепак, сè ќе почека до крајот на сезоната, секако кога станува збор за преземање на тимот, бидејќи Челзи сака новиот тренер да има „свеж“ почеток.
До крајот на сезоната, Челзи ќе го предводи Калум Мекфарлан, кој “сините“ се пласира во финалето на ФА Купот.