logo
logo
logo

Хорор во Алжир на прославата на титулата - ИМА МРТВИ (ВИДЕО)

Vecer | 22.06.2025

Хорор во Алжир на прославата на титулата - ИМА МРТВИ (ВИДЕО)

Веднаш по завршувањето на натпреварот од последното коло од алжирското првенство помеѓу новите шампиони Алжир и Магра, неколку навивачи паднаа од висина од десет метри, од горната на долната трибина.

Според извештаите на локалните медиуми, еден навивач починал како последица на падот, додека други 11 се повредени и пренесени во болница.

Падот се случил кога заштитната ограда на горната трибина попуштила и се скршила под силата на притисокот на толпата навивачи што се собрале. Моментот на кршењето на оградата и падот на десетици навивачи е снимен од спротивната трибина и е навистина вознемирувачки.

Натпреварот заврши 0:0, па Алжир остана на водечката позиција и математички ја обезбеди титулата, која, за жал, остана во густата сенка на трагедијата.

„Падот на еден навивач од горната трибина резултираше со смрт на еден навивач“, потврдија алжирските власти.

Сè уште не е познато дали преостанатите 11 кои паднаа претрпеле повреди опасни по живот.

По трагедијата, претседателот на оваа северноафриканска земја, Абделмаџид Тебун, се обрати и изрази сочувство до семејството на починатиот навивач, како и до клубот.

„По повод сериозната трагедија што го погоди клубот Алжир на стадионот „5. Јули“, сакам да изразам сочувство до семејството на починатиот. Нека Бог му даде милост и вечен мир“, рече претседателот на Алжир и изрази надеж дека сите повредени ќе се опорават што е можно побрзо и ќе се вратат кај своите семејства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk