logo
logo
logo

Резултатите на терен се менуваат, но ПОЧИТУВАЊЕТО НА ЅИНГО Е ТРАЈНО

Vecer | 17.07.2026

Резултатите на терен се менуваат, но ПОЧИТУВАЊЕТО НА ЅИНГО Е ТРАЈНО

Фудбалерите на Силекс не успеаја да ја минат првата квалификациска рунда за Конференциската лига.

Кратовци во реваншот со белорускиот Динамо Минск се поразени со 5-6 на пенали (0-1 регуларен дел и продолженија).

Иако во првиот натпревар на гостувањето Силекс славеше победа (1-0) сепак не успеа да ја сочува и да продолжи на европската сцена.

Гостите од Белорусија беа подобри во првото полувреме и создадоа неколку шанси уште на самиот почеток.

Уште во 16.минута, по ударот Малашевич и лошата проценка на Џеков, Динамо поведе со 0-1.

Белорусите беа посериозен противник и поквалитетен, па создадоа неколку шанси. Силекс имаше само само во првото полувреме преку Ефтимово во 43-тата минута.

Во вториот дел (70.минута) по една брза контра Богдановски, одлично го проигра Ефтимов кој иако изби сам пред гостинскиот голман, наместо мрежата го погоди него.

Иако избраниците на Васовски се трудеа да дојда до израмнување, кое ги водеше во следната рунда сепак тоа не успеаја да го сторат.

Тој резултат (0-1) остана на семафорот и по продолженијата, односно дополнителните 30 минути.

Во пенал „рулетот“, повеќе концентрација, нерви, но и среќа имаа гостинските фудбалери. Трагичар беше Димовски кој во шестата серија ја погоди пречката па Динамо победи со 5-6.

Тренерот на Силекс, Александар Васоски не го криеше разочарувањето по елиминацијата во воведното коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп загуби синоќа на пенали во Скопје од Динамо Минск.

„Одигравме исцрпувачки натпревар во кој влеговме некако со страв во првите 20 минути, несвесно се повлековме иако се договоривме да нападнеме од првата минута. Откако примивме гол се разбудивме и иако немавме многу стоотстотни шанси, но Велиновски ја имаше шансата на натпреварот кога излезе сам пред гостинскиот голман. Во европските купови е така, доколку не се искористат тие шанси за гол“., изјави Васоски по натпреварот.

Во пенал серијата, двете екипи ги реализираа првите пет удри од белата точка, по што Тимовски ја погоди рамката на голот, а Калинин го совлада Ѓеков за конечен триумф на Динамо Минск.

„За жал испаднавме на пенали, тоа е лотарија. Нема што да им замерам на момците, одиграа напорни 120 минути, имавме свои моменти, меѓутоа фудбалот е таков за жал и мора да се помириме со тоа“, додаде стратегот на Силекс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk