logo
logo
logo

Бундеслига: Баер (Л) се изгуби под водство на Тен Хаг, испушти победа во Бремен (ВИДЕО)

Vecer | 30.08.2025

Бундеслига: Баер (Л) се изгуби под водство на Тен Хаг, испушти победа во Бремен (ВИДЕО)

Првите денешни четири натпревари во второто коло од германската Бундеслига донесоа интересен фудбал и прилично голем број на погодоци, особено на мечот во Бремен, каде екипата на Вердер со играч помалку успеа да се врати од негатива од 1:3 и да избори реми за конечни 3:3.

„Фармацевтите“ под водство на Тен Хаг почнаа одлично, поведоа по само пет минути игра, а до 35-тата минута веќе имаа и 0:2. Вердер до паузата погоди од пенал за конечни 1:2 на полувреме. По исклучувањето на штарк во 63. Минута, шик од пенал ги донесе гостите до „сигурни“ 1:3, но упорните домашни фудбалери до крајот се намачија, притискаа и погодија двапати за конечни 3:3 за нов неуспех на тимот предводен од Холанѓанецот.

Ајнтрахт Франкфурт одигра брилијантно и победи со убедливи 3:1 на гостувањето кај Хофенхајм, додека Лајпциг ја оправда улогата на фаворит и го победи Хајденхајм на домашен терен со 2:0.

Екипата на Штутгарт беше подобра од Борусија Менхенгладбах со минимални 1:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk