logo
logo
logo

Бројките на лажат: Чаби има подобар скор на клупата на Реал и од Зидан!

Vecer | 13.01.2026

Бројките на лажат: Чаби има подобар скор на клупата на Реал и од Зидан!

фото: Real Madrid C.F. (X)

Чаби Алонсо иако многу бргу го напушти кормилото на Реал (М), сепак ќе остане еден од најдобрите тренери на Реал Мадрид во однос на процентот на освоени натпревари. 44-годишниот стратег беше отпуштен од клубот без да одработи ниту една цела сезона.

Реал Мадрид победи на 24 од 34 натпревари под негово водство што е процент на успешност од 70,6%. Истиот процент на победи го постигна и Англичанецот Роберт Ферт, кој го водеше клубот од 1932 до 1934 година.

Само четири тренери имаа подобар резултат од Чаби со над 30 натпревари на чело на клубот, а тоа се Мануел Пелегрини (75% од победите во 48 натпревари),  Жозе Мурињо (71,9% во 148), Радомир Антиќ (71% во 39) и  Карло Анчелоти  (70,8% во 353).

Се забележува дека Алонсо има подобар скор и од Мигел Муњоз, кој освои 14 трофеи помеѓу 1960 и 1974 година, и од Зинедин Зидан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk