logo
logo
logo

Борусија (Д) имаше три бода во рака, на крај замина со само еден

Vecer | 23.08.2025

Борусија (Д) имаше три бода во рака, на крај замина со само еден

фото: Borussia Dortmund (X)

Борусија Дортмунд одигра само 3:3 на гостувањето кај Сент Паули во првото коло од Бундеслигата. Иако гостите имаа предност од 1:3 се до 86. минута, на крајот еден потег им ја зеде победата.

Во 34-тата минута, напаѓачот на гостите Гираси го отвори резултатот. Во 39-тата минута промаши и пенал, а во 50-тата минута, Унтондџи постигна гол за 1:1.

Во 67-тата минута, дефанзивецот на гостите Валдемар Антон ја доведе Борусија во водство. Во 74-тата минута, играчот од средниот ред Јулијан Брант го постигна третиот гол за својот тим, но потоа во 85-тата минута, гостинскиот дефанзивец  Филипо Мане доби директен црвен картон, а тоа како да ги пресече „милионерите“.

Сент Паули се охрабри, нападна и за само 4 минути израмни. Данел Синани во 86. минута постигна гол од пенал за 2:3, а во 89-тата минута, Ерик Смит го израмни резултатот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk