logo
logo
logo

“Бомба“ во најава: Алварез за 150 милиони евра во Челзи?!

Vecer | 14.11.2025

“Бомба“ во најава: Алварез за 150 милиони евра во Челзи?!

ФОТО: La Liga/FB

Дали Барселона ќе остане без едно од своите посакувани засилувања во летниот преоден рок. Познато е дека Хулиан Алварез, еден од најдобрите напаѓачи во светот, актуелен член на Атлетико Мадрид и селекцијата на Аргентина, не е баш задоволен со својот престој во таборот на “Јорганџиите“. Тој сака неговата екипа да освојува трофеи, а во Атлетико тоа е реткост.

Инаку веќе подолго време се шпекулира дека Алварез е трансферна цел на Барселона, Ханси Флик за него има и тоа како високо мислење, но сега некои работи како да се менуваат.

Имено медиумите во Англија и Шпанија, наголеми пренесуваат дека Челзи има намера да издвои фантастични 150 милиони евра, се со цел да го доведе Алварез во своите редови.

Ако се случи ова, тогаш Аргентинецот повторно би играл во Премиер – лигата. Познато е дека пред повеќе од две години, Алварез направи трансфер од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk