logo
logo
logo

„Бомба“ од Лондон: Арсенал во преговори со ѕвездата на Баерн Минхен!

Vecer | 02.01.2026

„Бомба“ од Лондон: Арсенал во преговори со ѕвездата на Баерн Минхен!

ФОТО: FC Arsenal/FB

Дали на повидок е трансфер „бомба“? Имено ѕвездата на Баерн Минхен, Леон Горецка, е во трансфер плановите на Арсенал. „Топџиите“, кои се борат за титулата во Премиер лигата оваа сезона и имаат големи амбиции во Лигата на шампионите, се соочуваат со сериозен проблем со повредени играчи. Проблемите со повредите можат сериозно да ги попречат амбициите на Арсенал, поради што Микел Артета не ја крие својата намера да бара нови засилувања. Сепак, шпанскиот тренер е категоричен дека нема да привлекува играчи само заради бројки, туку само оние кои можат да донесат вистинска вредност за тимот и оваа сезона и во иднина.

Работата е што имавме многу повеќе повреди отколку што очекувавме, а некои од нив беа неизбежни. Сакаме да бидеме подобри и знаеме колку е важна достапноста на играчи во текот на сезоната. Трансфер рокот е тука, ние сме Арсенал и мора да погледнеме што ни треба. Мора активно да бараме, а потоа да видиме дали можеме да го направиме тоа или не. Тоа е друга приказна, но нашата работа е секогаш да бидеме подготвени за нешто што може да се случи“, рече Артета.

Една од областите во кои Арсенал доживува најсериозни тешкотии е средниот ред. Според странските медиуми, клубот веќе бил во контакт со големата ѕвезда на Баерн Минхен – Леон Горецка.
Се известува дека претставниците на германскиот интернационалец, кои исто така соработуваат со Каи Хаверц, контактирале со раководството на Арсенал за да ја истражат можноста за трансфер. Останува прашањето дали договорот може да се заврши во јануари или ќе биде одложен до летото, кога Горецка ќе стане слободен агент.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk