logo
logo
logo

“Бомба“ од Италија: Ибрахимовиќ седнува на клупата на Милан?!

Vecer | 11.12.2023

“Бомба“ од Италија: Ибрахимовиќ седнува на клупата на Милан?!

Невидена “бомба“ од Италија. Се разбира ако може да им се верува на медиумите во Италија која ја лансираа “приказната“ дека Златан Ибрахомовиќ наскоро би можел да седне на клупата на Милан.

Ова доаѓа откако под водство на Стефано Пиоли гигантот од „Сан Сиро“ влезе во играчка и резултатска криза и дека прашање на ден е кога тој ќе добие отказ, можеби по мечот со Њукасл во Лигата на Шампионите, кој се игра во среда.

Да потсетиме дека Златан се пензионираше како фудбалер на Милан, а фактот ја нема потребната лиценца е најмал проблем, тука ќе биде Игнацио Абате, кој му беше соиграч во тимот од Милано и кој имал тренерска лиценца.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk