logo
logo
logo

“Бомба“: Ливерпул ќе понуди 180 милиони евра за Белингем!

Vecer | 11.01.2026

“Бомба“: Ливерпул ќе понуди 180 милиони евра за Белингем!

ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Бомба“ од Островот! Ливерпул, според шпанската веб-страница Fichajes , има намера да го урне клупскиот рекорд. Сака да го доведе Џуд Белингем од Реал Мадрид и за него да понуди 180 милиони евра, овој трансфер би бил трет во историјата на фудбалот.
Според Трансфермаркт ова се петте најголеми трансфери:
1. Нејмар – 222 милиони евра (Барселона – ПСЖ)
2. Килијан Мбапе – 188 милиони евра (Монако – ПСЖ)
3. Усман Дембеле – 148 милиони евра (Борусија Дортмунд – Барселона)
4. Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл – Ливерпул)
5. Филипе Кутињо – 135 милиони евра (Ливерпул – Барселона)

Нема назнаки дека “кралевите“ се подготвени и за тие пари да го пуштат, ама Ливерпул сепак ќе се обиде да го донесе Белингем, еден од најдобрите фудбалери во светот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk