logo
logo
logo

“Бомба“: Аморим си оди од “Олд Трафорд“ и се враќа во Португалија, ама не во Спортинг?!

Vecer | 30.08.2025

“Бомба“: Аморим си оди од “Олд Трафорд“ и се враќа во Португалија, ама не во Спортинг?!

фото: Manchester United (X)

Рубен Аморим е тренерот со убедливо најлоши резултати како тренер во Манчестер Јунајтед по ерата на Алекс Фергусон. Речиси сите тренери кои дојдоа на “Олд Трафорд“ во изминатите 12-13 години добија отказ иако имаа далеку подобри од овие што сега ги има Португалецот. Мос, Мурињо, Тен Хаг, Рангник, Солскјер…беа поуспешни.

Аморим по се изгледа се загуби во својата немоќ, па по шокантниот пораз во Лига Купот од четвртолигашот Гримсби во неколку наврати даваше небулозни изјави.

Засега тој и натаму ја има поддршката од раководството на Манчестер Јунајтед, ама последната вест од Островот е дека Португалецот имал намера да си замине од “Олд Трафорд“ и да се врати во својата земја, но не во Спортинг, туку во вечниот ривал Бенфика.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk