logo
logo
logo

Болоња ги „шокираше“ Елмас и Наполи

Vecer | 11.05.2026

Болоња ги „шокираше“ Елмас и Наполи

Наместо рутински домашни три бода и победа, тимот на Наполи, за кој што Елиф Елмас одигра минутажа во вториот дел, загуби од Болоња со конечни 2:3.

Шокот за домаќинот започна многу рано откако Бернардески погоди уште во десеттата минута, за да орсолини во 34. направи 0:2.

Ди лоренцо ги намали грижите на домаќинот пред полувреме и реализираше за 1:2, за да Алисон Сантос во 48. минута израмни на 2:2.

Елмас влезе во игра во 76. минута, но и тој не можеше ништо да стори во првата минута од продолжението кога Рове го стиша целиот стадион и и донесе на Болоња ново водство овојпат и за конечен триумф.

Наполи и натаму е втор со 75 бодови, додека пак Болоња сега има 52 и е на осмата позиција.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk