logo
logo
logo

Блескаа Ѓокереш и Езе: Арсенал му покажа на Тотенхем кој е “главен“!

Vecer | 22.02.2026

Блескаа Ѓокереш и Езе: Арсенал му покажа на Тотенхем кој е “главен“!

ФОТО:facebook.com/Arsenal/

Тотенхен – Арсенал 1:4 исходот од дербито на северен Лондон, меч кој се одигра вечерва на стадионот на “Спарси“. Ова значи дека Хрватот Игор Тудор имал многу лошо деби на клупата на Тотенхем.

Арсенал по пауза од неколку кола одигра навистина екстра, во целост го надигра својот голем градски ривал и успеа просто да го декласира и играчки и резултатски.

Езе во 32.минута му донесе водство на гостинот, израмни Коло Муани па со тие 1:1 се замина на пауза. А во продолжение на средбата, во таа 47.минута Ѓокереш го врати водството за Арсенал. Езе во 61.минута со својот втор гол ги урна сите надежи на гостите барем за бод. Ѓокереш потоа стави точка на овој меч за конечни 1:4.

Со оваа победа Арсенал сега има +5 пред Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола има и меч помалку.

Во секој случај битката за титулата ќе биде супер интересна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk