logo
logo
logo

БИЛД: Рибери сака да се врати во Бундеслигата

Vecer | 19.03.2021

БИЛД: Рибери сака да се врати во Бундеслигата

Германски „Билд“ денеска пишува дека Франк Рибери по завршувањето на сезоната сака да се врати во Бундеслигата.

Поранешната sвезда на Баерн Минхен дојде во Фиорентина пред две години и неговиот договор со тимот истекува на крајот на сезоната. Имаше гласини во врска со негово можно враќање во Германија или преселба во Монца.

Сепак, според Билд, приоритет на Рибери е да се врати во Бундеслигата, каде Ајнтрахт Франкфурт покажа интерес за него.

„Во моментов размислувам само за Фиорентина, важен сум за тимот, но, не ја исклучувам можноста за враќање во Бундеслигата кога ќе завршам тука“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk