logo
logo
logo

Бернардо Силва бесен на Премиер-лига: Фрустрирачки е!

Vecer | 22.09.2025

Бернардо Силва бесен на Премиер-лига: Фрустрирачки е!

Везистот на Манчестер Сити, Бернардо Силва остро го критикуваше распоредот на Премиер-лигата по ремито 1:1 против Арсенал во петтото коло, истакнувајќи дека неговиот тим бил во значително понеповолна положба. Натпреварот на „Емирати“ заврши со поделба на бодовите, откако Габриел Мартинели го поништи раниот гол на Ерлинг Халанд, пишува Mirror.

Со овој резултат, Арсенал заостанува пет бода зад лидерот Ливерпул, додека Сити е трет со три бода помалку од „топџиите“. Кај двата тима се забележа замор, последица на напорните натпревари во Лигата на шампиони. Арсенал играше во вторник против Атлетик Билбао, а Сити дури во четврток го пречека Наполи.

Силва, кој во неделата ја носеше капитенската лента, смета дека 48-те часа повеќе одмор на Арсенал претставувале клучна предност.

„Да изгубевме, немаше да го кажам ова. Но реалноста е дека не можеме да дојдеме на еден од најважните натпревари во сезоната со ваков хендикеп во однос на одморот. Не е фер. Тие имаа пет дена за опоравување, а ние два и пол. Во еден од најважните натпревари, ова не смее да се случи“, изјави Португалецот и додаде:

Овие натпревари бараат многу. Видовме дека Хусанoв се повреди. Едноставно е фрустрирачки што не можевме да бидеме на нашето најдобро ниво само поради одлука за распоред.“

Тој вели дека бараат здрав разум во распоредот, бидејќи нема да биде поеднакво фер за сите.

„Нема проблем да играме на секои три или четири дена, ниту да одиграме 60 натпревари во сезона. Но, бараме здрав разум. Во еден од најголемите натпревари во сезоната играчите мора да бидат во иста физичка состојба. Инаку, не е фер“, додаде тој.

На крај заклучи дека ова не важи само за Сити, туку дека е потребно повеќе разбирање за сите големи дерби-натпревари во Премиер лигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk