logo
logo
logo

Бензема: Посакував пензија во Реал но нештата се поинакви во реалноста

Vecer | 06.06.2023

Бензема: Посакував пензија во Реал но нештата се поинакви во реалноста

Карим Бензема за прв пат по шокантното заминување од Реал Мадрид и преселбата на Блискиот Исток се појави во јавноста со изјава во која точно стои како се чувствува во моментов.

Бензема како најдобар играч во светот се сели во Ал-Итихад во Катар, за огромна сума на пари која реално во Европа е невозможно да се заработи за краток период.

„Тешко ми е да зборувам со толку многу емоции, но сакам да се заблагодарам на Реал Мадрид и моите соиграчи. Ова беше добар пат во мојот живот. Имав среќа што го исполнив детскиот сон“, вели Бензема.

„Никогаш нема да го заборавам Реал Мадрид. Невозможно е, тоа е најдобриот клуб во историјата. Но мислам дека денеска е време да заминам и да почнам нова приказна“.

„Сакав да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, но понекогаш животот ви дава и друга шанса. Многу беше тешко да се донесе одлуката, тоа го направив со моето семејство“.

„Навистина боли, не е лесно, навистина сакав да се пензионирам тука. Јас сум тој што сум поради овој клуб. Секогаш ќе ги гледам натпреварите на Реал Мадрид“. – рече Бензема на своето збогување со Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk