logo
logo
logo

Белингем сака да се врати овој месец, Реал бара да почека до октомври

Vecer | 12.09.2025

Белингем сака да се врати овој месец, Реал бара да почека до октомври

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам сака да се врати на теренот овој месец. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид беше подложен на операција на рамото кон средината на јули, поради проблеми кои ги имаше уште од ноември 2023 година. Првите претпоставки беа дека рехабилитацијата ќе трае меѓу 10 и 12 недели.

Англичанецот деновиве тренирал делумно со тимот и се надева дека ќе се врати на теренот овој месец, иако клубот бара од него да биде трпелив и да почека до октомври.

Едуардо Камавинга, кој заработи повреда на глуждот во август, нема да биде дел од мечот со Реал Сосиедад викендов. Според информациите од Реал, тој досега не одржал ниту еден тренинг со тимот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk