logo
logo
logo

Белгија го прегази Лихтенштајн, Германија се „сопна“ кај Словачка (ВИДЕО)

Vecer | 04.09.2025

Белгија го прегази Лихтенштајн, Германија се „сопна“ кај Словачка (ВИДЕО)

Белгија не дозволи никакво изненадување на вечерашното гостување кај Лихтенштајн и со убедливи 0:6 ја обезбеди и втората победа во групата во која е и нашата репрезентација. Во третиот меч Белгија тргна со гол во 29. минута, кога Де Кујпер со глава погоди за водство. Во вториот дел работите за Белгијците тргнаа одлично, па со првиот гол уште во 46. минута Тилеманс зголеми на 0:2. По него во листата на стрелци се запишаа и Теате и Де Брујне, па Тилеманс од пенал во 70. минута зголеми и на 0:5. Конечните 0:6 ги постави Фофана во 91. минута.

Шпанците ги отворија квалификациите за Мундијалот со сигурна победа во Софија. Со головите на Ојарзабал, Кукуреља и Мерино, шпанската фурија уште во првите 38 минути од мечот покажа кој е кој и до крајот не се препоти за уште некој гол.

Изненадувањето на вечерта го приреди Словачка која на домашен терен ја совлада Германија со 2:0. Холандија, пак, водеше против Полска долго време со 1:0, но со голот на Кеш во 80. минута Полјаците се изборија за реми.

С. Ирска дојде до сигурна победа кај Луксембург од 1:3.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk