logo
logo
logo

Барселона му нуди нов договор на Левандовски

Vecer | 29.03.2026

Барселона му нуди нов договор на Левандовски

ФОТО: FC Barselona/FB

Роберт Левандовски и покрај годините сеуште е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и е од исклучително значење за тимот на Барселона во моментов.

Благодарение на тоа, раководството на клубот, има намера и следната година тој да има сериозна улога во тимот, па така, ќе  му понуди нов договор.

Во моментов, Левандовски има енормно голема плата, која што според информациите ќе биде намалена за дури 50%, но истите ќе бидат компензирани со клаузула во договорот за учинок на постигнати голови и асистенции.

Се очекува процесот на преговори да продолжи природно, бидејќи напаѓачот многу добро ја разбира економската ситуација. Неговиот агент, Пини Захави, има одлични односи со Барселона, а исто така го застапува и самиот Флик. Играчот веќе изјави дека му треба време пред да донесе одлука за својата иднина. Клубот очекува конечен одговор да дојде кон крајот на април или почетокот на мај, за да можат сите страни да ги испланираат своите следни потези.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk