logo
logo
logo

Барса има ново чудо: Ова е новиот Меси, новиот Јамал! (ВИДЕО)

Vecer | 29.11.2025

Барса има ново чудо: Ова е новиот Меси, новиот Јамал! (ВИДЕО)

ФОТО:screenshot

Не треба да се трошат зборови што значи “Ла Масија“ за Барселона и за светскиот фудбал. Последниот во низата ѕвезди на Барселона кои дојдоа од академијата е Ламине Јамал.
Секако, Лионел Меси, Чави, Иниеста беа таму и претходно, а во последно време се појавија Педри, Гави… листата е многу долга.
Но, во Барселона, подготвуваат терен за уште едно фудбалско чудо во нивната академија. Дестини Косисо Ејофор е 12-годишно момче кое фасцинираше во академијата на Барселона.
Тој постигна дури 145 гола на 92 натпревари во младинските селекции. Иако има 12 години, редовно игра за постарите категории на тимовите на Барселона до 13 и до 14 години.
Светските скаути кои ги следат младите фудбалери го запишаа името на овој фудбалер кој неодамна доби неверојатен договор и го потресе фудбалскиот свет. Имено, Косисо потпиша договор со Најк како најталентираниот фудбалер во светот.
Ова предизвика многу реакции, бидејќи младите фудбалери не потпишуваат договор со спонзори пред 16-годишна возраст, но се чини дека Барселона има уникатно момче во своите редови.

Неговиот татко е поранешниот нигериски фудбалер Еџике Пашал. „Имам три сина кои играат за Барселона, но Дестини има нешто посебно на ова ниво“, изјави неговиот татко за The Sun.

Исто така, светските медиуми се полни со пофалби за ова момче.
„Заборавете ги Меси и Јамал, ново чудо доаѓа од Барселона, Дестини Косисо Еџиофор“, наведуваат светските медиуми.

Со својата експлозивност, техника и неверојатно око за гол, Косисо се чини дека е предодреден да остави неизбришлива трага во меѓународниот фудбал“, наведуваат италијанските медиуми. Во Барселона внимателно ќе го следат развојот на овој фудбалер кој веќе привлече внимание.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk