logo
logo
logo

Барса го понижи Реал и го крена Суперкуп трофејот

Vecer | 12.01.2025

Барса го понижи Реал и го крена Суперкуп трофејот

Фудбалерите на Барселона ја декласираа екипата на Реал Мадрид со 2:5 во финалето на шпанскиот Суперкуп кој вечерва се одигра во Саудиска Арабија. Натпреварот ги оправда сите очекувања и ни пружи многу голови, шанси па дури и црвен картон.

Реал влезе во натпреварот со императив да се одмазди за катастрофалниот пораз од 0:4 кој се случи во октомври на Сантиаго Бернабеу. Фудбалерите на Карло Анчелоти подобро го започнаа натпреварот и рано поведоа преку Килијан Мбапе уште во 6-тата минута. Од тој момент започна агонијата и катастрофата на „кралскиот клуб“. Најпрво Јамал ја затресе мрежата во 22-та минута, а по него стрелаа Левандовски од пенал во 36-тата и Рафиња во 39-тата минута. До крајот на полувремето Балде го постигна и четвртиот гол за Барса. Во вториот дел Рафиња одново стрелаше во 48-та минута и ја зацементира победата на каталонците. Во 59-тата минута голманот Шчесни доби директен црвен картон и Барса мораше до крај да игра со играч помалку. Родриго во 60-тата минута го намали водството, но Реал немаше сили за уште некој погодок.

Ова е 15-ти трофеј на Барселона во Суперкупот, додека пак Реал е на 13 трофеи. Ова е и втор последователен катастрофален пораз од Барселона за Карло Анчелоти и Реал оваа сезона. Очигледно е дека Ел-Класико оваа сезона е натпревар на кој Барселона доминира, а Реал претрпува порази кои долго ќе се памтат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk