Тимот на Барнли со гол во третата минута од судиското продолжение успеа да одигра 1:1 против Челзи во Лондон и на тој начин да освои убав бод од тешко гостување.
Претходно домаќинот уште во четвртата минута преку Жоао Педро успеа да дојде до водство кое на крајот не успеа да го задржи. Удел во сето ова има и фактот што домаќинот по црвениот картон на Форана последните дваесетина минути ги играше со десетмина.
Брајтон пак успеа на гостински терен кај Брендфорд со головите на Гомез и Велбек да стигне до победа од 0:2, додека пак Лид испушти една таква на гостувањето кај Астон Вила.
Стач донесе 0:1 во 31. минута, а Вила спаси бод преку Тами Абрахам во 88. минута од мечот кој ги постави конечните 1:1.