logo
logo
logo

Барбарез по прашањето за оставка: Ти ова сериозно ме прашуваш!? (ВИДЕО)

Vecer | 17.11.2024

Барбарез по прашањето за оставка: Ти ова сериозно ме прашуваш!? (ВИДЕО)

Синоќа репрезентацијата на Босна и Херцеговина го доживеа најголемиот пораз во еден европски дуел од официјален карактер. Загуби во рамките од Лигата на Нациите од Германија на нејзин терен со 7:0. Тоталната доминација на „Панцирите“ е и сликовито прикажана во резултатот кој одекна како бомба во јавноста во БИХ.

Таму се бара одговорност, објаснување што се случи па дури и оставка. И тоа од селекторот Сергеј Барбарез од кого се очекуваше многу, пред се како екс капитен на Босанците да донесе дисцилпина што очигледно ја нема.

Па така, на прашањето што се случи и дали тој размислува на оставка конечно, селекторот на Босна видно изнервиран возврати.

„Ти ова сериозно ме прашуваш? Дали би си дал оставка?  Кога би бил спортиста, не би размислувал на такви глупости. Затоа и сме таму каде што сме, затоа што екипите ги нарекуваме аматери“ – рече Барбарез како одговор на новинарското прашање дека единствена победа во последно време на Босна е онаа против Лихтенштајн.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk