logo
logo
logo

Баерн со „седумка“ за Бохум, Хари Кејн со хет-трик

Vecer | 23.09.2023

Баерн со „седумка“ за Бохум, Хари Кејн со хет-трик

Екипата на Баерн Минхен со 7:0 го совлада Бохум во меч од 5.коло на Бундес лигата. „Баварците“ имаа предност од четири гола на полувреме со погодоците на Чупо Мотинг, Кејн, Де Лихт и Сане.
Во второто полувреме Кејн со два гола и Матис Тел со еден ги поставија конечните 7:0.
Баерн постигнува гол(ови) на 60 домашни меча по ред во Бундес лигата и се приближува до сопствените рекорди од 62 такви меча во периодот од 1979 до 1982 година и од 64 натпревари од 1970 до 1974 меча.

A Хари Кејн е првиот играч на Баерн кој постигнал 6+ голови на првите пет натпревари во првенството. На мечот со Бохум освен што даде три гола запиша и две асистенции.

Борусија Дортмунд го совлада Волфсбург со гол на Марко Ројс во 68 минута.
На другите мечеви Аугзбург – Мајнц 2:1, Менхенгладбах – Лајпциг 0:1, Унион – Хофенхајм 0:2, Вердер – Келн играат од 18:30 ч.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk