logo
logo
logo

Баерн Минхен ги почна преговорите со Хари Кејн за нов договор

Vecer | 27.01.2026

Баерн Минхен ги почна преговорите со Хари Кејн за нов договор

ФОТО: FC Bayern München/FB

Баерн Минхен веќе е во преговори со Хари Кејн за нов договор, потврди членот на клупскиот одбор Макс Еберле. Кејн, кој се приклучи на Баерн во 2023 година и има договор до летото 2027 година, постигна 34 гола во сите натпреварувања оваа сезона.
Во разговор за Скај Дојчланд, Еберле беше прашан за разговорите за продолжување на договорот и потврди:

Во преговори сме со Хари“.
Капитенот на Англија се поврзува со трансфер во Барселона, а враќањето на Островот исто така не е исклучено.
Кејн го освои првиот голем трофеј во својата кариера во сезоната 2024-25, кога Баерн триумфираше во Бундеслигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk