Досегашниот тренер на францускиот прволигаш Тулуз, Карлес Мартинес Новел и официјално е назначен за нов кормилар на екипата на Баер Леверкузен.
Тој официјално ќе го преземе тимот на 1 јули, а потпиша соработка до 2028 година.
Шпанецот го заменува данскиот стратег Каспер Хјулманд кој што не се задржа премногу во Леверкузен со оглед на фактот што беше тренер од септември наваму.
Сезоната во Леверкузен е оценета како релативно неуспешна затоа што тимот заврши како шести и ќе игра во Лигата на Европа.