logo
logo
logo

Бадијала сите нови засилувања, Атлетико повторно киксна во Примера

Vecer | 23.08.2025

Бадијала сите нови засилувања, Атлетико повторно киксна во Примера

фото: Elche Club de Fútbol (X)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ремизираа со екипата на Елче со 1:1 во вечерашниот натпревар од второто коло од шпанската Ла Лига. И покрај големиот број на новодојдени фудбалери во летниот трансфер период, тимот на Чоло Симеоне повторно киксна во шпанската лига по поразот од Еспањол во првото коло.

Резултатот го отвори Сорлот со гол во 8-мата минута, но само седум минути подоцна Рафа Мир успеа да го изедначи резултатот. До крајот на натпреварот Атлетико беше подоминантен, но не успеа да креира шанса за втор погодок.

Со ова реми Атлетико останува на 13-тото место на табелата со само еден бод од два натпревари, додека пак Елче ја продолжува серијата од добри натпревари откако во првото коло успеа да ремизира со фаворизираниот Бетис со 1:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk