logo
logo
logo

Австријците се исплашија од Џеко и другарите, па мораше претседателот на државата да реагира! (ВИДЕО)

Vecer | 17.11.2025

Австријците се исплашија од Џеко и другарите, па мораше претседателот на државата да реагира! (ВИДЕО)

ФОТО: Das Nationalteam/FB

Утре е денот “Д“, како за Австрија, така и за БиХ. Се игра во Виена и ако домашните победат или ремизираат одат на СП, ако победат гостите тие одат на Мундијалот. Босанците веќе ја почнаа инвазијата на Виена, се очекува најмалку 25.000 фанови да навиваат за БиХ.

Секако дека ова не им се допаѓа на Австријците кои не кријат дека не сакаат таква атмосфера и дека нема да им биде нималку лесно против Џеко и другарите.

Марко Арнаутовиќ како и секој “Балканец“ се заканува, но и тој е свесен дека нема никако да и биде лесно на неговата Австрија.

Токму затоа пред денешниот тренинг во нивна посета, во соблекувалната, дојде и претседателот на Австрија, Александер Ван де Белен кој им ја даде сета своја поддршка на избраниците на селекторот Ралф Рангник.

Драго ми е што ми дозволивте да влезам во соблекувалната. Ајде, момци, само храбро“, им рече претседателот на Австрија на фудбалерите и додаде:
„Мора сериозно да ја сфатите БиХ. Играјте цврсто. Ни требате вие, вие и вашиот успех.“

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk