Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Џирона со 3-0 на гостински терен во 17-то коло од шпанската Примера. „Јорганџиите“стигнаа до третото место на табелата со 37 бода, додека Џирона остана во зоната за испаѓање со 15 бода.
Два гола гостите од Мадрид постигнаа во првото полувреме. Тимот на Симеоне поведе во 13-тата минута кога играчот од средниот ред Коке ја „скина“ мрежата на Џирона со силен удар од далечина. Водството го удвои Англичанецот Конор Галагер во 38-та минута.
Третиот гол во завршницата го постигна Антоан Гризман во последните моменти од натпреварот.