logo
logo
logo

Аталанта со “покер“ ја “поздрави“ Парма, Џенова ја доби Болоња!

Vecer | 25.01.2026

Аталанта со “покер“ ја “поздрави“ Парма, Џенова ја доби Болоња!

ФОТО:facebook.com/atalantabc/

Аталанта славеше против Парма во Бергамо со резултат од 4:0. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини ја оправдаа улогата на фаворити против „Млекарите“.
Домашниот тим поведе во 15-тата минута кога Џанлука Скамака беше прецизен од пенал, а девет минути подоцна Мартен Де Рон ја удвои предноста на диомашните откако Де Кетеларе ја испомеша одбраната на гостите.
Секоја дилема во врска со прашањето за победникот во Бергамо ја отстрани Џакомо Распадори во 73-тата минута по асистенција на Никола Крстовиќ.
Црногорскиот репрезентативец го постигна конечниот резултат во последниот момент од натпреварот.

Многу повеќе драма видовме во Џенова, каде што домашниот тим го победи тимот на Болоња со резултат од 3:2 по неверојатен пресврт.

Гостите водеа со 0:2, но сепак на крајот беше 3:2 за Џенова.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk