logo
logo
logo

Астон Вила не запира сезонава

Vecer | 03.01.2026

Астон Вила не запира сезонава

Екипата на Астон Вила е победник на првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата во која на домашен терен со 3:1 го совлада тимот на Нотингем Форест.
Домаќинот доминираше на овој дуел, со погодокот на Оли Воткинс во финишот на првиот дел, а потоа и на МекГин со кој што поведе и со 2:0.

Гостите за момент се вратија во игра со голот на Гибс Вајт и намалија на 2:1, но МекГин во 73. минута со вториот гол ги реши дилемите и ги постави конечните 3:1.

Со оваа победа, Астон Вила супериорно е на втората позиција  со 42. бода додека пак Форест е на седумнаесеттото место.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk